Модната марка Self-Portrait со Naomi Campbell ја претстави дебитантската колекција чанти за летово. Се работи за два модела на Bow Bag, „Bow Mini“ и „Bow Micro“, инспирирани, како што истакнуваат од брендот, од „леснотијата и слободата поврзани со гардеробата за авто-портрет“. Чантите се омаж на 90-тите и нудат разиграна женственост со безвременска, структурна силуета, изработена од мазна напа кожа. Достапни се во две големини и во повеќе бои.

Han Chong, основачот и креативен директор на Self-Portrait, во изјавата за новите модни додатоци посочува: Одамна ми беше амбиција да ја проширам нашата понуда со додатоци – и сега сме конечно тука. Ми се допадна идејата да најдам форма која едновремено е и класична и го опфаќа слободниот дух на жената на Self-Portrait. Структурата на Bow Bag – силна, но, сепак, женствена – едноставно претставува безвременски дизајн, вели Chong.


Кога размислував за тоа како да ја лансирам чантата Bow, се чувствував прилично носталгично : постојано ме привлекуваа деведесеттите – кога модата беше слатка, а сепак тешка и под големо влијание на музика. Освен тоа кампањата носи и игра на зборови со името на нашата компанија и на новата чанта. Ми беше голема чест кога заеднички ја направивме: од креативните генијалци Renell и Haley, до легендарната Naomi која е нашата водечка дама, како и Brandy и Monica, овозможувајќи ни да ја искористиме нивната песна за да го оживееме нашето видео од соништата, заклучува Han Chong. /М.М.

 

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.