![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/05/NAEEM-KHAN-1.png?resize=800%2C400&ssl=1)
Замислувајќи ја 2022 како година по пандемијата – како во време на неограничена креативност и прослава, Naeem Khan е повеќе од подготвен со својата спектакуларна невестинска колекција за новата, постпандемиска ера.
Модната линија е драматична, на најдобар можен начин, со посебна арт деко атмосфера од 1920-тите, со графички детали од колоните, додека симетричните и строго скроените линии на рамената, оддавааат подготвеност на смела, нова невеста. Прекрасните пастелни везови на флуиден изглед додадваат чиста романса во приказната за денот за паметење.
![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/05/NAEEM-KHAN-2.png?resize=683%2C1024&ssl=1)
NAEEM KHAN
Дел од колекцијата, сосема мал дел се и фустаните за свадбената забава: куси здолништа, реси, црни мрежасти чорапи – се како за евент со кореографија на a Bob Fosse – на која постпандемично можеме да и се радуваме!
Роден и израснат во Мумбаи, Khan пораснал во свет опкружен со култура, архитектура, уметност, историја и дизајн. Како момче, имал можност да добие огромно знаење за текстилот и шиењето и тоа под будните очи на неговиот дедо и татко, и двајцата дизајнири на сложената облека што ја носат индиските кралски семејства.
![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/05/NAEEM-KHAN-4.png?resize=683%2C1024&ssl=1)
NAEEM KHAN
Кога Khan, како тинејџер, се преселил во САД, за да стане дизајнер и да започне своја кариера, добил можност да работи за легендарниот американски дизајнер Halston.
Во креациите на Naeem се чуствува и влијанието на американскиот дизајнер, но и семејното наследство. Спојот станал неверојатен, а дизајнерот маѓепсник за создавање слоевита, сложена, уникатна но и чиста, елегантна и безвременска силуета.
![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/05/NAEEM-KHAN-3.png?resize=683%2C1024&ssl=1)
NAEEM KHAN
Создадениот, уникатен стил, е дизајнерската естетика на еден и единствен Naeem Khan.
Неговите креации ги носат филмските диви на црвениот тепих, на филм или телевизија, ги носат и младите девојки на кои им се исполнува сонот за незаборавен и безвременски невестински фустан.
Денес, свечените фустани и венчаниците на Naeem Khan се продаваат на 150 бутици ширум светот./М.М.
![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/05/NAEEM-KHAN-6.png?resize=683%2C1024&ssl=1)
NAEEM KHAN
![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/05/NAEEM-KHAN-5.png?resize=683%2C1024&ssl=1)
NAEEM KHAN