По чудната и контроверзна наводна соработка на Chanel и Axe, уште поголемо е изненадувањето со информацијата за продажбата на мирисниот коктел. Зелениот Axe во шишето на Chanel No. 5, според  MSCHF, е распродаден за само 20 минути од официјалното појавување на електронскиот пазар!

Во принцип, ставањето на Axe мирисот во шишето на Chanel No. 5 би изгледало како невкусна шега, но MSCHF, брендот од Бруклин, ваквите шеги ги претвора во убав профит.
Очигледно, постои тенка линија што ја дели креативноста од невкус, па и обмана, а брендот MSCHF како често тоа да не сака да го види – тие сега воведоа нов производ, кој поврзува два спротивни краја на социјалниот спектар – Axe и Chanel No. 5.


Инаку, пред оваа невидена наводна соработка MSCHF беше познат по тоа што ги уништи вистинските чанти на Хермес за да создаде сандали „Биркенсток“.

Што е новиот потфат: направена е новата етикета, а мирисот Axe ставен во шише на Chanel No 5. Како што велат од овој бренд, Axe ја заслужува таа етикета, исто како и Chanel. На крајот на краиштата, кога станува збор за славни брендови, нема добри и лоши – велат во MSCHF – само видливи или невидливи.
Токму кај видливоста, MSCHF одлично се снаоѓа. Со најновиот спој, коктел, микс на мирис и пакување, постигната е целосна видливост: Axe и Chanel No. 5 е распродаден за само 20 минути по официјалното лансирање!
Постои и препорака на апликацијата на MSCHF: да останеме поврзани, никогаш не се знае што ќе биде ново секој втор понеделник. Треба да се провери!/М.М.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.