
За заштитно лице на Miu Miu 2023 празнична кампања избрана е англиската актерка Emma Corrin. Кампањата за празничната колекција, според модната куќа, презентира хармоничен спој на софистицираност и интимност.
Miu Miu Holiday 2023 содржи меки кашмирски парчиња, луксузни твидови и сјајни кожни модни додатоци.
Облеката е наменета за модерна личност која ја цени удобноста и стилот.
Модните додатоци го носат изгледот на следното ниво: светкавите чевли облечени на дебели чорапи и украсните ленти за на глава додаваат шармантна разиграност, доловувајќи го духот на празниците.
Miu Miu 2023 празнична кампања не е прв ангажман на Emma Corrin – нејзиниот лик беше и во есенските реклами на брендот.
Модниот филм од кампањата е на следниов линк: