Miss Dior Eau de Parfum

Со влез моделиран како славниот парфем, во поп-ап продавница во Њујорк, Dior Beauty го промовира најновото издание на славниот Miss Dior Eau de Parfum.

Брендот за прв пат организира продажба преку поп-ап продавница, како физички простор поврзан со нивната електронска продавница. Освен во Њујорк во септември, поп-ап продажба ќе биде организирана во повеќе светски метрополи, како Токио, Лондон…

Посетителите можат лично да земат примерок од производите, пред да купуваат преку Интернет, со помош на соработници во продавницата. Достапен за проба е новиот парфем Miss Dior, заедно со другите производи за убавина на Dior.

Поп-ап просторот е збогатен со посебен филтер што им овозможува на посетителите парфемот да го чуствуваат во просторот. Се нудат голем број искуства со AR, а на самото место Miss Dior има кафуле од затворен тип.

Miss Dior парфемот од своето создавање во 1947 година има бројни реинкарнации – предпоследната е во 2017 година. За Miss Dior Eau de Parfum што се продава од овој септември од брендот велат дека носи љубов, надеж и оптимизам…/М.М.

Miss Dior Eau de Parfum

You may also like

Comments are closed.