
Мет Гала 2025 – најпрестижната модна манифестација, годинава се одржа на 5 мај во Музејот на модерната уметност (MoMA) во Њујорк. Под слоганот „Superfine: Tailoring Black Style“, настанот им оддаде почит на длабоките корени и влијанието на црниот стил врз глобалната мода, со фокус на машката естетика и дандизмот.
За прв пат по 2003 година, во фокусот на Мет Гала беше ставена машката облека. Пејачките Мадона, Ријана и Дајана Рос, актерките Зендаја, Деми Мур и Сидни Свини, како и спортистите Луис Хамилтон и Симон Бајлс се појавија во елегантни костуми и гламурозни фустани. Сето придонесе Мет Гала да биде настан кој ги обедини модата, уметноста и индивидуалноста, прикажувајќи ја различноста и креативноста на учесниците.
Оваа година, Колман Доминго, Луис Хамилтон, A$AP Роки и Фарел Вилијамс ѝ се придружија на Ана Винтур, главниот директор за содржини на Condé Nast и глобална уредничка- директорка на Vogue, како ко-претседатели.
Облечени за да импресионираат, ко-претседателите се појавија во елегантни костуми: Доминго, како амбасадор на брендот Валентино, носеше ексклузивен изглед направен ексклузивно за него од креативниот директор Алесандро Микеле, Хамилтон се одлучи за кремасто палто од Велс Бонер. додека раперот A$AP Роки носеше комплет од сопствената креативна агенција, AWGE, дизајниран во соработка со неговиот долгогодишен стилист, Метју Хенсон.
Ријана, која се појави на црвениот тепих со својот партнер A\$AP Rocky, ја откри својата трета бременост со впечатлива креација од Marc Jacobs, која спојуваше машки елементи со женствена елеганција и израз на почит кон црната модна историја и индивидуалноста. По откривањето на својата бременост, Ријана со насмевка изјави дека се чувствува помалку виновна што само еден од синовите е присутен на настанот, додека другиот останал дома.
Деми Мур се појави во впечатлива креација од Том Браун, во која вратоврската е моден симбол. Овој избор беше не само моден, туку и уметнички израз, кој ја истакна нејзината посветеност на темата на годината.
Андре 3000, познат по својата креативност, се појави на настанот со пијано на грбот. Овој необичен избор беше негов начин на изразување на уметничката слобода, но во исто време и промоција на музичкото дело, „7 Piano Sketches“./M.M.