Пролетниот Met Gala ќе биде одржан во понеделник, на втори мај. Темата за годинешниот настан е „Во Америка: Антологија на модата“, а со исто име е и новата изложба на музејот на модата, поставена во просторот на The Met. Изложбата ќе биде отворена од седми мај до петти септември годинава. Тоа е вториот дел од музејската прослава на американски стил, првиот дел, насловен „Во Америка: Лексикон на модата“, беше отворен во септември минатата година, а и тој ќе остане изложен во The Met до петти септември.

Институтот за костими (The Costume Institute) е домаќин на својата прва изложба од два дела, на тема американската мода, во текот на 2021 и 2022 година.

Инаку, The Met Gala е хуманитарен настан за прибирање финансиски средства за Metropolitan Museum of Art во Њујорк. На настанот се повикувани славни актери, младите креативци и индустриски парагони.
Официјалниот Met Gala livestream ќе биде хостиран од магазинот Vogue, преку нивната дигитална платформа и страниците на Instagram, Facebook и Twitter./М.М.

Деталите се на : https://www.vogue.com/video/watch/stream-the-2022-met-gala-red-carpet#intcid=_vogue-bottom-recirc_f0a55275-841a-41a4-8d8a-75c0be873dbd_cral2-2

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.