Поранешната прва дама Melania Trump промовира POTUS NFT колекција, која ќе се состои од 10 парчиња дигитални уметнички дела, со 500 до 1.750 изданија. Ќе има вкупно 10.000 NFT, по цена од 50 американски долари, во кои ќе бидат одбележани некои од значајните моменти од четиригодишниот престој во Белата куќа.

Објавата за новата колекцијата е дел на соопштението од нејзината канцеларија, а доаѓа еден ден по извештајот на Bloomberg кој го доведува во прашање успехот на нејзината прва аукција со NFT.
Melania Trump ги има дадено „креативните насоки“ за колекцијата, се вели во соопштението.
„Горда сум што ја проширив мојата NFT платформа и чест ми е што можам да ги одделам важните моменти од историјата на нашата нација“, вели таа во изјавата. Според извештајот од нејзината канцеларија, Trump дал „креативни насоки за колекцијата“.
Колекцијата POTUS NFT ќе вклучува NFT што ќе им се откријат на клиентите само по купувањето. Колекцијата ќе го користи Solana блокчејн протоколот, како и Parler социјалната мрежа за комуникација./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.