Samaritaine Paris Pont-Neuf

По повеќегодишно реновирање и вложени над 800 милиони евра, стоковната куќа Samaritaine Paris Pont-Neuf ја поздрави јавноста на 21 јуни 2021 година. На инаугуративната церемонија присуствуваа францускиот претседател Emmanuel Macron, градоначаликот на Париз, Anne Hidalgo и Bernard Arnault, првиот човек на  LVMH.

Samaritaine Paris Pont-Neuf

Деталите за промотивниот настан се на: https://www.lvmh.com/news-documents/news/samaritaine-reopens-after-an-exceptional-renovation-bringing-unique-enchantment-back-to-paris/

LVMH објави дека се обновени и реновирани 70.000 квадратни метри вкупен простор, сместен во центарот на градот, во близина на Лувр. The Samaritaine е и исклучителен урбанистички проект во чие реновирање учествуваа над 3000 работници, околу 800 занаетчии, а во кој ќе бидат ангажирани над 1700 вработени.

Денес оваа митска стоковна куќа ветува дека ќе биде новата дестинација на париската елеганција. Дека ќе ги привлече парижаните и посетителите од цела Франција, како и меѓународните патници кои сакаат да уживаат во вкусот на карактеристичен начин на живот на Франција.

Samaritaine Paris Pont-Neuf

Посетителите, меѓу другото, ќе откријат имаа можност да престојуваат  и откриваат во, како што се вели во соопштението на LVMH, „Најголемиот простор за убавина во континентална Европа. Околу 600 брендови, од иконски имиња во раскош до ексклузивни дизајнери, го одбележуваат овој единствен универзум, спојувајќи ја елеганцијата и француската уметност.

Во состав  на центарот се концептните продавници “Loulou” и “Rivoli„ 12 ексклузивни ресторани, просторот “Voyage” од 1.000 квадратни метри , под стаклен покрив Art Nouveau, како спој на гастрономија, уметност и незаборавни искуства, како и  L’Appartement, приватно купување и студио за убавина и спа центар.

Samaritaine project завршува на 7 септември кога ќе биде отворен хотелот Cheval Blanc Paris, првиот урбан хотел на корпорацијата. Реновирањето на објектот со 72 соби и бројни пратечки простори е дело на американскиот архитект Peter Marino. Art Déco зградата крај Сена, ќе стане повторно место кое ќе ја слави уметноста на живеењето на парижаните./M.M.

More in:Вести

Вести

ЕКСПО ДУБАИ 2020

Светската изложба отсекогаш била настан што ја покажува способноста на една земја да ја прикаже ...

You may also like

Comments are closed.