Иако, природната форма и големината на вашите усни се утврдени од генетиката, на социјалните мрежи секојдневно се споделуваат илајдници фотографии со филери, ботокс, импланти и што не, на кои усните се доминанниот дел од лицето. Постигнувањето поголеми усни е популарна цел. Затоа и не чуди што потенките усни стануваат точка на несигурност, па дури и проблем, за кој не се страни ниту радикалните решенија.

Но, може ли поинаку – може ли и како природно да им дадете поттик на усните?

Дерматолозите велат – со пилинг на усните два пати во неделата. За брз пилинг дома, треба да се комбинира една капка од бадемово масло (или маслиново масло) и една лажица шеќер.

Имено, доколку усните изгледаат суви и бели, тие ќе рефлектираат помалку светлина, па ќе изгледаат помали. За домашно решение, лесно измијте ги со мека четка за заби и со мешавина од шеќер и бадемово масло направете пилинг, за нежно да ги отстраните мртвите клетки на кожата. Новата кожа повеќепати треба да се третира со масни кремови за усни, за да се заштити и да остане хидрирана.

За нега на усните се препорачува и масло од јојоба, за брза хидратација и својство на заздравување на раните. Пилингот треба да се прави додека се влажни усните, за да се избегне премногу триење, иако е најдобро да се избегнуваат пилинзите доколку усните се испукани или излупени./М.М.

You may also like

Comments are closed.