London Designer Outlet (LDO) објави засилување на продажбата по повторното отворање минатата недела, во согласност со ублажувањето на ограничувањата за локдаун во Англија. Вкупната продажба на оваа дизајнерска дестинацијата за шопинг минатата недела беше поголема за 148 проценти отколку во првата недела од повторното отворање во јуни 2020 година.

Продажбата беше исто така поголема отколку што беше во пред-пандемиската Велигденска недела, споредено со 2019 година, што беше „уште еден знак дека дестинациите како LDO се во позиција што ветува подобри времиња. Во шесте дена на тргување, од 12 до 17 април, продажбата се зголеми за 1,5 отсто во споредба со седумте трговски дена од Велигденската недела, во 2019 година.

Зголемен е и бројот на корисниците на веб-страниците, и тоа за 107 проценти, во споредба со претходната недела, кога купувачите влегоа на интернет за да ги планираат своите први физички посети на продавниците по неколкумесечниот локдаун.

Портфолиото на брендовите на LDO вклучува брендови како Kurt Geiger, Guess, Levi’s, Nike, Puma, Lindt и Marks & Spencer. Својата продавница ја отвори и  Adidas, кој го прошири својот продажен простор на 10.550 квадратни метри.

Sue Shepherd, генералниот директор на LDO, во соопштението нагласи дека: „Една недела сме отворени и се е како да не било затворањето. Нашите гости се вратија да уживаат во кафе или оброк со своите пријатели и семејството и повторно да се за вљубат во прекрасното доживување на физичкото купување.

„Бидејќи бевме затворени со месеци, нашите посетители и гости веројатно сакаат сето тоа да го надоместат. Како што се подобрува времето и се зголемува бројот на вакцинирани, очекуваме во текот на наредните месеци да се вратиме на старото пред-пандемиско време“./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.