Минатиов викенд во Дубаи, Обединети Арапски Емирати се одржаа изборите за LITTLE MISS & MISS TEEN PLANET 2021 и LITTLE MISS & MISS TEEN GALAXY 2021.

На двата избора Македонија имаше свои преставнички и сите освоија титули во своите категории, поделени по возраста.

Малата, 4 и пол годишна Миа Петровиќ е победничка, односно LITTLE MISS PLANET 2021, додека Миа Нецова, Ангела Атанасовска и Симона Петровска ги освоија вторите места, односно титулите Прва придружничка во конкуренција на тинејџерки.

Сите се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овие детски и тинејџерски интернационални избори, кои годинава се во организација на PLANET INTERSOUND агенцијата од Софија, Бугарија, а се одржаа во Дубаи, во хотелот DUSIT THANI DUBAI.

Трите тинејџерки на изборите носеа креации од Елена Лука, Студио Краљевски и Атеље Жана, а малата Миа облека од Елена Лука и од Little Princess Macedonia. Тие поминаа прекрасни 10 дена во Дубаи, кои сигурно долго ќе ги паметат.

Нашите учествуваа и беа дел на EUROPE KIDS & TEEN FASHION WEEK кој исто така се одржа во исто време во Дубаи.

Мики Црнокрак, Дубаи, 2.јуни

 

More in:Вести

You may also like

ММ кујна

Мафини со вишни

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт ...

Comments are closed.