Thom Browne

Машката летна понуда за на одмор, што Thom Browne ја предлага за идното лето е истата што тој ја иницира за оваа есен. „Сакам да направам весела, разиграна колекција, вели тој. Смалените костуми и јакни, со тркалезни раменици, предложени со цел за да донесат ново расположение есенва, за летната понуда за на одмор во 2022 година се надополнети со морнарски капачиња и пончо, различни маички здолништа и големи дезенирани машни.

Thom Browne

Каприциозно конструираните парчиња се потписот на Browne. Под тие се подведуваат неочекуваните откачени мини здолништа, или, слоевитите кожни панталони. Тука е и „кошулата до стомак“,  што сигурно ќе ги испровоцира оние со строги ставови за родовото облекување.

„Во последните 20 години, колекциите еволуираа, но тие не се променија“, вели Browne. Таа мешавина на класицизам и неочекувани „изненадувања„ најдобро зборуваат  за естетиката и ставовите на Browne./М.М.

Thom Browne

Thom Browne

Thom Browne

Thom Browne

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.