Модни додатоциТрендови

Lily-Rose Depp, во кампањата на Chanel 22

За претставувањето на кампањата за чантите – Chanel 22 – брендот ја ангажира актерката и модел Lili-Rouz Depр, инаку ќерка на холивускиот актер Johnny Depp и на пејачката Vanessa Paradis. Lily-Rose Depp е и амбасадорка на Chanel, од новата генерација, заедно со моделите Margaret Qualley и Whitney Peak.

Преку објективот на фотографското дуо Inez & Vinoodh, кампањата патува од Лос Анџелес до Палм Спрингс и Њујорк, за да претстави моменти во животот на музите на Chanel.
Фотографирани на повеќе локации, од Лос Анџелес и Монтана до Њујорк, музите ги прествуваат своите светови, нивните уникатни личности и стилските одлуки. Дел од фотографиите за кампањата се прикажуваат од крајот на март, а филмовите ќе бидат претставени на шести април.

Нагласувајќи ја слободата на движењето, чантата Шанел 22 има мека и еластична силуета со практична внатрешност што ја прави посакуван секојдневен сојузник. Доаѓа во стилови на ранец и чанти, опремени со магнетно копче. Металниот синџир и потписот Chanel ја прават препознатлив нов класик./М.М.

https://www.chanel.com/lv/fashion/handbags/chanel-22/

 

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.