Lil Uzi

Раперот Lil Uzi објасни зошто решил да го отстрани дијамантот вреден 24 милиони долари, само четири месеци откако го постави во центарот на челото. Причината е иста поради која и го стави дијамантот – безбедноста. Имено, раперот неможел слободно да се шета со 24 милиони на своето чело, како што претходно тврдеше дека дијамантот на рака, како прстен е несигурна работа.

Значи, 24 милиони долари на прстен е најглупава идеја, затоа што може да се случи да погледнам надолу и прстенот да го нема, изјави раперот на гостувањето во „ The Fat Joe Show “. Се познавам себе си – се будам на чудни места и во различни сценарија. Пред одлуката каде да се стави дијамантот, за постапката се консултирал со златарот, кој потврдил дека потфатот „не бил обичен пирс и дека дијамантот на челото е безбеден“.

Сега на неговото лице има сè што треба да има – а дијамантот е на сигурно – во сефот, вели раперот одговорајќи на социјалните мрежи./М.М.

More in:Вести

You may also like

ММ кујна

Мафини со вишни

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт ...

Comments are closed.