Македонскиот бренд за хулахопки Ла Дама прославува 29 години постоење. По тој повод подготви изненадувања за потрошувачите на ново отворената онлајн продавница ladama.mk.

– Во изминатите 29 години постоење, како македонски бренд, ги следиме потребите на нашите големи и мали Ла Дами, токму за нив континуирано креираме квалитетни и удобни производи. Голема благодарност до ФИТР кои ни дадоа поддршка за отворањето на нашата онлаjн продавница www.ladama.mk. Сега сме поблиску до сите наши Ла Дами од кога и да е, и на првите 100 дами им нудиме можност да ги купат нашите производи со роденденски попуст од 29%, велат од Ла Дама.

На 17ти декември 1992 година, ги исплетовме првите македонските хулахопки – свилените чорапи ЕМА. Од тогаш воведовме многу новини во бизнисот и следиме модни трендови,  најважно од се е тоа што сме бренд инспириран од жени, создаден од жена за жени. Бескрајна благодарност до сите кои веруваат во Ла Дама, истакнуваат од Ла Дама./M.M.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.