Chanel во наредниот период ќе презема драстични мерки за купување и препродажба на своите луксузни чанти. Модната куќа има намера со строги контроли и персонифицирање на процесот на продажбата да ја спречи препродажбата на своите производи на онлајн пазарите и платформите, особено во Азија.

Во предпразничниот период забешлежано е зголемување на препродажби на Chanel чантите, особено за кинескиот пазар.  Препродавачите купуваат на големо луксузни производи во Европа или во САД, за потоа неколку пати поскапо да ги препродаваат во Кина. Имено, луксузните производи се препродаваат воглавно на „сивиот“ пазар во Кина./М.М.

 

 

 

You may also like

Comments are closed.