Парискиот конгломерат Kering годинава се соочува со значителен пад на продажбата. Во текот на третиот квартал приходите на групацијата паднаа за нови 13 отсто, односно 4,5 милијарди евра. Штотуку е објавено дека падот на продажбата е евидентиран кај повеќето брендови: Bottega Veneta, Balenciaga, Gucci и Saint Laurent.
Gucci, некогашната златната кокошка на Kering, во третиот квартал регистрира пад на заработката за 14 отсто поради, како што велат, креативната и менаџерска промена на раководството.
Големопродажбата на Saint Laurent е намалена за 38 отсто. Saint Laurent, и покрај тоа што имаше силен раст во последниве години, доживеа понерамномерни перформанси во третиот квартал , што резултира со намалување на прометот за 17 проценти.


Додека LVMH групацијата објави едноцифрен раст во третиот квартал, Kering и понатаму тоне. Интересно е и што нема конкретни податоци и анализа за причините за падот на Balenciaga, иако аналитичарите токму млакиот одговор на групацијата на педофилските реклами, осудени од светот, ги посочуваат како причина за сегашната состојба и во Balenciaga и во целата групација
За финансискиот директор на Kering, Jean-Marc Duplaix, за слабите резултати виновници биле предизвиците на променливиот глобален пејзаж, слабата видливост и растечките геополитички грижи, што потенцијално може да влијае на расположението на потрошувачите. Исто така проблем биле и пробирливите американци и макроекономската средина во Кина која претставувала свој сет на пречки./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.