IKEA

КАРИСМАТИСК, е името на новата колекција на IKEA, создадена во соработка со британската дизајнерка за модели и текстил, Zandra Rhodes, а во продавниците на глобално ниво ќе биде од идната недела.

Заедно со Zandra Rhodes, IKEA одлучи да истражи како светот на смели модели и живописни бои на Zandra може да биде дизајниран во домот. Како резултат на тоа, IKEA ја лансира колекцијата KARISMATISK, како манифестирање за бестрашно само-изразување во домот.

Колекцијата вклучува 26 парчиња што ги охрабруваат сите љубители на бојата да бидат „смели, фабулозни, свои!“.

KARISMATISK

Позната по своите бестрашни отпечатоци и живописни бои,  Zandra Rhodes е револуционерна сила во светот на модниот текстил повеќе од пет децении.

За новата колекација Zandra  вели: KARISMATISK има за цел да се забавуваме со мебелот и да дозволиме оптимистичкиот поглед  да блесне во нашите домови. Тоа колекција од која луѓето можат да земат само едно парче и може да им го освежи домашниот простор, или, да земат повеќе парчиња, за да направат своја композиција.

KARISMATISK

Колку што KARISMATISK е прекрасна, толку е и функционална, велат во IKEA.

Заедно со Zandra, ги искористивме петте димензии на демократскиот дизајн – форма, функција, квалитет и одржливост, по прифатлива цена – за да создаде разиграни решенија за секојдневните потреби по пристапни цени.

Колекцијата KARISMATISK е глобално лансирана на дигитален настан што може да се проследи на следниов линк на https://karismatisk.ikeamuseum.com.

Од септември колекцијата ќе биде достапна во продавниците на IKEA на глобално ниво./M.M.

KARISMATISK

You may also like

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

Comments are closed.