Работејќи на пресекот на уметноста и дизајнот Jay Sae Jung Oh, јужнокорејската дизајнерка со американска адреса, создава предмети за колекцијата наречена Savage со која како да ја замаглува границата помеѓу скулптурата и мебелот. Впечатливите, сложено структурални дела се составени од отфрлени, главно пластични секојдневни предмети, сложени и завиткани во природни влакна или кожни ленти.
За најновото дело, столот Salvage, Jay Sae Jung Oh комбинира тапан, палки, хорна и електрична гитара во аранжман налик на фотелја, пред создадената композиција да ја покрие со тенки кожни ленти. Столот е направен специјално за изложбата Mirror Mirror: Reflections on Design, одржана во Чатсворт, Англија.
Со тоа што отфрлените предмети ги претвора во sui generis скулпторски и убави и функционални предмети дизајнерката има за цел да ја подигне свеста за последиците на однесувањето на денес доминантната култура на еднократна употреба.
Првиот стол од колекцијата Savage е стол создаден во 2011 година, кадешто дизајнерката експериментира со процеси и материјали, проширувајќи ја серијата за Salon 94 Design со софи, маси и други функционални парчиња. Некои од нив сега се наоѓаат во постојаните колекции на Museum of Modern Art во Сан Франциско, Carnegie Museum of Art и Cooper Hewitt, како и Smithsonian Design Museum.
Идејата за Savage е создадена во време на нејзините студии за индустриски дизајн на Академијата за уметност во Мичиген( Michigan’s Cranbrook Academy, а ја следела и по дипломирањето на fine arts во Сеул./М.М.