Kонтроверзниот концепт на Jaguar Type 00 во деновите на Paris Fashion Week е на париските булевари. Се работи за промоцијата со која го најавува скорешно производство на Type 00, како електрично возило, со дизајн што потсетува на компјутерски цртеж.
Благодарение на својот невообичаен дизајн, концептот на Jaguar Type 00, генерира значајно медиумско внимание во новата – електрична ера. На социјалните мрежи е објавена снимка на која ирскиот актер Barry Keoghan излегува од возилото, по прошетка низ градот на модата.

На сајтот на брендот претставени се и основните принципи на Type 00 во розова боја : https://www.jaguar.com/copy-nothing/index.html
За оваа прилика Type 00 е во боја наречена “француски ултрамарин”, со рамен и мат дизајн, што делува како да е создаден од компјутер и како нешто што не наликува на возило, туку негов цртеж.
Од компанијата велат дека производствениот модел на Type 00 ќе биде многу сличен на концептот, но дека ќе има четири врати, наместо крила кои се на концептот. Се посочува и дека ќе може да помине до 770 километри со едно електрично полнење./М.М.

You may also like

Comments are closed.