Со модниот филм насловен како Carte Blanche, Iris van Herpen се фокусира на ослободувањето на убавината на женското тело.
Наспроти доминантните определби на модните куќи, на Paris Haute Couture Week, своите колекции да ги претставуваат на модни ревии, холандската дизајнерка Iris van Herpen „со гордост објавува деке наместо традиционална ревија на писта, за нејзината најнова модна понуда има подготвено дигитална презентација што овозможува поголема креативна слобода“.


Личното обраќање е надополнето со преставување на филмот за колекцијата насловена како Carte Blanche, во кој, во соработка со француската уметница Julie Gautier, е истражувано како женската убавината може да биде во функција на контрола на формата.
Дизајнерката ја користи моќта на уметноста за да испрати порака за снагата и издржливоста. Филмот, кој ги истражува женственоста и женската убавина како форма на контрола, ја слави женската храброст и истрајностаФилмот Carte Blanche прикажува слика на женското тело како алатка за барање слобода, како и оружје за угнетување и контрола. Сензуалниот наратив е моќна композиција која ја пренесува моќта на женското тело. Van Herpen и Gautier ја користат симболиката на водата за да ги покорат женските форми во кореографија која полека ја отфрла контролата.


Филмот е и доказ за тоа како жените можат да ги искористат своите физички и сили за да се спротивстават на угнетувањето, да се борат за своите права и да ги охрабрат другите да истраат во нивните индивидуални патувања. Преку филмот се потсетуваме на моќта на динамиката што постои во светот“, вели Iris van Herpen.
Филмот е на следниот линк:

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.