Harnaaz Sandhu, мис на Индија е новата Мис на Универзум. Изборот на јубилејниот 70-ти по ред избор на Miss Universe е одржан во Eilat, Израел.

Andrea Meza од Мексико и ја стави победничката круна на својата наследничка на крајот на настанот, за кој сите детали се на http://www.missuniverse.com
Harnaaz Sandhu победи во конкуренција од 79 девојки од повеќе земји од светот. Работи како актерка, а на пост дипломски студии е за бизнис администрација. Позната е во светот на моделингот – со 21 година досега има освоено повеќе титули за убавина – како LIVA Mis Diva и Мис Индија./М.М.

You may also like

Comments are closed.