Hailey Bieber,сопруга на Justin Bieber, сопственичка на козметичката фирма Rhode Skin и амбасадорка на Saint Laurent, го претстави трендот од париските модни писти: елегантниот костумот на Saint Laurent, со бордо вратоврска, инаку боја на есента.
Hailey Bieber промовира вирален костум од колекцијата пролет 2025 на Saint Laurent, кој комбинира класичен машки крој со модерен, предимензиониран изглед. Дополнителни детали се широката бордо вратоврска, како и аксесоарите.
Есенва модниот стајлинг е инспириран од машката елеганција, со фокус на предимензионирани костуми со познатото француско кроење.
Бордо бојата,наречена уште и Бургундијска се издвојува како главен тренд и боја на оваа сезона, а комбинирањето на машката и женската естетика како да станува сè попопуларно.
За разлика од нејзината европска елеганција, а како контраст, нејзиниот сопруг Justin Bieber преферира поопуштен изглед, инспириран од Западот, покажувајќи како различни стилови можат да коегзистираат./М.М.

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

You may also like

Comments are closed.