За својата пролетната колекција, создадена за модната куќа на Jean Paul Gaultier, колумбискиот дизајнер Haider Ackermann ќе изјави дека ја доживува како љубовно писмо до легендарниот дизајнер.
Ackermann е четвртиот дизајнер кој на повик на Gaultier создава колекција на висока мода за брендот Jean Paul Gaultier, по примерот на Oliver Rousteing, креативниот директор на Balmain и проектите који тој ги има реализирано со гостите дизајнери, Chitose Abe и Glenn Martens.
Да се биде поканет од име како Jean Paul Gaultier е признание само по себе, смета Ackermann.
Прикажаното во пролетната колекција на Jean Paul Gaultier, според критиките и реакциите на социјалните мрежи, заслужува само признанија и, веројатно, нема да остане единствена колекција на Ackermann за Gaultier. Кога зборува за насоките, големиот мајстор на модниот дизајн Gaultier му рекол дека несака на пистата да види реминисценции на своите колекции, туку експерименти во духот на она што брендот го создава со децении.
Можеби токму поради тоа, колекцијата на Ackermann е експеримент, опишан како „љубовно писмо до Jean Paul Gaultier“, како аналогија што убаво го надополнува неговиот опис на модата.
Ackermann верува дека она што го создава неможе да се види на улиците, дека е нешто повеќе – нешто што се посакува и за што се сонува. Затоа, за него модата е убава љубовна врска – и така треба да остане.
„Имав само четири месеци, вели Ackermann зборувајќи за времето на создавањето на колекцијата. „Доколку имав време, ќе се впуштев повеќе во работата, затоа што знам што сакам и колку можам. Да се биде поканет овде е подарок исто толку убав колку што е отровен – на добар начин, се разбира“./М.М.