Guo Pei

Legion of Honor, Fine Arts Museum во Сан Франциско, идната година ќе организира изложба посветена на делото на кинеската дизајнерка Guo Pei. Тоа е проект зад кој стои директорот на Fine Arts Museums, Thomas P. Campbell : „Многу сум заинтересиран за дизајнери кои ги заматуваат границите помеѓу модата и уметноста. Креациите на Guo Pei се како уметнички скулпторски дела што црпат инспирација од европската архитектура и ја одразуваат кинеската изворна уметност. Бевме навистина воодушевени од синергијата да ја изложиме нејзината декоративна уметничка колекција во просторот на Legion of Honor, вели тој.  „Сан Франциско и значајното кинеско наследство, е природна локација за премиера на првата голема музејска изложба за работата на Guo Pei“.

Изложба насловена како “Guo Pei: Couture Fantasy” ќе биде отворена од 16 април до шести септември, а посетителите ќе се движат низ серија соби, секоја посветена на теми што се поврзани со  колекциите на дизајнерката, вклучувајќи костими и театар, цветни и ботанички мотиви.

„Guo Pei: Couture Fantasy“ го следи појавувањето на Кина како меѓународна модна сила преку работата на нејзиниот дизајнер -sвезда, чија работа е дефинирана со контрастите од минатото и сегашноста, Истокот и Западот, фактите и фикцијата, и лични и патриотски.

Повикот од Сан Франциско доаѓа по изложбата на Guo Pei, насловена како Alternate Universe за V&A, со која се одбележани две децении на Fashion in Motion, серијата на модни ревии во живо на V&A на кои учествуваат водечки модни дизајнери од целиот свет.

Gala, Guo е еден од најинвентивните дизајнери на денешницата, облекува познати личности, кралски семејства и негува сопствен, автентичен стил повеќе од 20 години. Покажувајќи ги најдобрите традиционални кинески занаети, заедно со современите иновации, нејзините дизајни се инспирирани од митови, легенди, религија, архитектура и нејзино културно наследство./М.М.

Guo Pei

 

Guo Pei

Guo Pei

Guo Pei

More in:Вести

Вести

ЕКСПО ДУБАИ 2020

Светската изложба отсекогаш била настан што ја покажува способноста на една земја да ја прикаже ...

You may also like

Comments are closed.