Feiyi (非遗), кинескиот термин за нематеријално културно наследство, годинава еден од најпознатите концепти во кинеската потрошувачка култура. Првобитно упатувајќи на зачувување на кинеските занаети кои се на листата на УНЕСКО, еволуира во културен и деловен феномен.
Младите Кинези, според Jing Daily, својот интерес се повеќе го насочуваат кон традиционалните вредности и купуваат производи во кои се вградени елементи на традиционалните занаети.
Поради сето, Feiyi е многу повеќе од тренд – како своевидна еволуција на Guochao (国潮), на движењето кое последната деценија се залага за „национален стил“ и настојува кинеските потрошувачи да ги прифатат домашните брендови, дизајни и културни симболи, со модерен пресврт.
Кинеска Влада го подржува и промовира Feiyi, не само заради јакнење на националната гордост и зачувување на културато богатство, туку и поради засилување на националната гордност.
Тука е и огромниот комерцијален потенцијал на Feiyi: на Taobao, најголемата кинеска платформа за е-трговија, производите поврзани со Feiyi постигнаа лани промет од 14,8 милијарди долари, што претставува зголемување од 37% во споредба со претходната година. Овој раст покажува дека не се работи за носталгија по минатите времиња, туку за нови симболи на гордоста и автентичноста, особено кај младите.
За западните брендови, Feiyi претставува нов предизвик за креативно приспособување, како и можност за поврзување со потрошувачите кои не бараат само површни симболи на културата, туку подлабоки, автентични врски со традицијата. Брендовите како Loewe, Fendi и Dior веќе го забележаа овој тренд и работат на интегрирање на Feiyi елементи во нивните колекции.
Овој пристап не само што ги задоволува потрошувачите кои ја ценат реткоста и уникатноста, туку го одразува и поширокиот тренд во индустријата, каде што кинеските потрошувачи стануваат се поскептични кон генерички производи. Генерално, Feiyi е деловен предуслов за опстојување на западните брендови на кинескиот пазар, но и шанса да се поврзат со новата генерација потрошувачи во Кина, кои се повеќе се ориентирани кон вредности како автентичност, и зачувување на традицијата и културната гордост./М.М.

You may also like

Comments are closed.