На India Pavilion, Expo 2020 Dubai, индискиот стартап AirOWater претстави автомати што произведуваат вода за пиење од влажноста во воздухот. Според извршниот директор Rahul Mathur, претставувањето има за цел да привлече инвеститори и да го популаризира концептот. За загрозените простори на планетата да добијат вода за пиење потребна е голема инфраструктура во смисла на технички (способности), и финансиски капацитети и затоа фокусот е на бизнис-до-бизнис, што ќе помогне да се направи првиот чекор во Дубаи и регионот.

AirOWater користи технологија на кондензација за претворање на водена пареа во воздухот во вода за пиење. Водата што се претвора поминува низ филтер за воздух и филтер за вода, пред да се собере во резервоар. Водата поминува преку засилувач за филтрација на вода, што ја прави питка. Минералите потоа се додаваат со помош на кертриџ, за да и се даде на водата PH ниво од 7,5 до 8, што е исто како и флашираната вода.
Африка е следната станица за AirOwater, каде што компанијата се надева дека ќе обезбедува свои машини за во малите села, без никакви капитални трошоци . Нормалната дистрибуција на B2B е подготвена, велат во фирмата, а интересот за дистрибуција во Африка е голем./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.