Поттикнувајќи ги иницијативите за одржливост, британскиот бренд за обувки Dr. Martens ја претстави својата прва колекција од рекултивирана кожа.
Dr. Martens лансира колекцијата изработена од Genix Nappa – рециклиран кожен материјал. Genix Nappa потекнува од отпадни делови на кожи, добиени од фабрики за обработка на кожи који, инаку, би завршиле на отпад. Отпадните делови поминуваат низ процес на обработка со кој се одвојуваат влакната на кожата, пред нивно повторното спојување.Tака се добива реконструирана, рециклирана, рекултивирана кожа која се користи за изработка на обувки.
Од Dr. Martens тврдат дека овој нов материјал на купувачите им нуди еколошки прифатлива алтернатива на традиционалната кожа, со помал карбонски отпечаток од обична кожа и е специјално дизајниран да биде издржлив, удобен и долготрајен, исто како и оригиналните кожени обувки на брендот.
Колекцијата е дел од амбициите на Dr. Martens да создадат издржливи обувки со помало влијание врз околината, со који ќе се создаде и одржлива деловна иднина, ќе се реши прашањето со отпадот од кожа. Целта е до 2040 годинаи да се постигне пеоизводство со нулта штетни емисии.
Колекцијата Genix Nappa ги содржи трите најпродавани оригинални модели на обувките на Dr. Martens./М.М.
More in:Мода вести
Смела, секси 2025-та со LaQuan Smith
Почетокот на Модната недела во Њујорк (New York Fashion Week) го одбележа ревијата на LaQuan ...
Во пресрет на јубилеите на Giorgio Armani
Кога на 11 септември ќе го прослави својот 90. роденден, легендарниот италијански дизајнер Giorgio Armani ...
Модната еволуција на Diane Keaton
Во новиот број на магазинот Elle представена е модната еволуција на легендарната американската актерка Diane ...
ROTATE – романса на идното лето
Колекцијата на ROTATE за идните пролет/лето 25, претставена во рамките на модната недела во Копенхаген,(Copenhagen ...