Dolce & Gabbana Casa

Италијанската дизајнерска куќа ја објави својата прва линија за украсување на домот, Dolce & Gabbana Casa. Шик колекцијата со љубопитно шаренило вклучува дизајни на предмети за седење, јадење, како и кабинети, украсени со некој од четирите мотиви: Mediterranean Blue, Carretto, Leo и Zebra.

Dolce & Gabbana Casa

Во изработката на нивните креации, соработуваа со неколку брендови и уметници од Венеција, како  Murano, Barbini & Salviati и Tessitura Luigi Bevilacqua.

Дизајнерското дуо новата колекција ја опишува како „природно продолжение на светот на Dolce и Gabbana“.

Dolce & Gabbana Casa

Светот на домашните производи не беше целосно непозната територија: во 2018 година, со Smeg тие лансираа линија соковници, тостери, машини за кафе, чајници и миксери, а пролетта пред тоа рачно насликаа 100 фрижидери за Salone de Mobile./М.М.

Dolce & Gabbana Casa

You may also like

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

Comments are closed.