Dolce & Gabbana, викендов во Венеција ја промовира својата прва NFT (non-fungible) токен колекција DGGenesi, во серијаот Alta Moda.

Collezione Genesi, содржи девет делови NFT создадени во соработка со UNXD, дигитална платформа и кураторски пазар за дигитален луксуз и култура. https://unxd.com/

Collezione Genesi црпи инспирација од историјата и традициите на Венеција и околу концептот на „фустан од соништата“. Пет модела – два фустана, машки костум и две круни – се и физички креирани, дизајнирани од Dolce & Gabbana, а имаат дигитални верзии што можат да се користат во метаверс – „виртуелна средина каде што можете да бидете присутни со луѓе во дигитални простори “ – како што тоа неодамна го опиша Mark Zuckerberg. Четири модела од колекцијата се само виритуални, исто така за во метаверс.

Од  Dolce & Gabbana ги поканија наддавачите на DGGenesi NFT да ги резервираат своите места на претстојните аукции и почесто да ја посетуваат unxd.com  платформата. NFT колекцијата, а со тоа и наддавањето се планирани за септември, по модните настани Alta Gioielleria и Alta Sartoria.

Со оваа, DGGenesi NFT колекција, се очекува UNXD дигиталната платформа да стане референца во областа на дигиталниот луксуз.

Дури и кога цените на многу крипто валути паѓаат, NFT останаа силни, со се повеќе додатоци на пазарот. Неодамна, групацијата LABS комбинираше недвижен имот со NFT, дозволувајќи им на луѓето да купат удел во своето одморалиште користејќи популарна технологија за токени. Бендовите како Muse They продолжија да создаваат повеќе NFT, бидејќи се поголем број брендови, непрофитни организации и фондации се приклучуваат на растечкиот пазар за дигитални колекционерски предмети./М.М.

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.