Во својата најнова серија слики за кампањата за пролет/лето 2024 на Saint Laurent, креативниот директор Anthony Vaccarello како безвременски личности и музи на модната куќаги претстави Diana Ross, Lauren Hutton и Michael Stipe .
Инклузивноста во модната индустријата ги менува и проспектите за стареењето низ целиот свет. По ерата на Martin Margiela, се повеќе дизајнери ставаат повозрасни модели на модната писта, а брендовите како Rodica Paleologue и Agnès Tassel избираат хероини за да ги илустрираат своите кампањи.
Saint Laurent брендот во оваа своевидна сениор-маниа се вклучи првин со продукција на филмот за Al Pacino и Pedro Almodovar, а сегаи со ангажман на култната икона Diana Ross да го отелотвори стилот на францускиот луксузен бренд.

Легендарната пејачка ја сними David Sims чиј што интерес досега беше посветен на Gen Z. Нејзините песни Upside Down, I’m Coming Out и Baby Love се и ода на носталгичната леснотија на битието, што исто така му се потребни на модниот свет.
Освен Diana Ross во кампањата на Saint Laurent се вклучени и Lauren Hutton, една од првите славни модели што имала и актерска кариера со настап на во American Gigoloа, како и Michael Stipe, филмски продуцент и пејач на групата R.E.M.
Оваа состојба можеби го одразува фактот дека иако на постарите можеби да им требаат младите, исто тоа важи и обратното. Надвор од реалноста на пазарот, брендот сака да покажеме дека луѓето на одредена возраст имаат модна култура и, за некои и радост на живеењето – joie de vivre“./М.М.

You may also like

Comments are closed.