James Bond

Судејќи според темно-розовото, гримизно, кадифено палто што актерот го одбра за неговата последна премиера во улогата на агентот 007 – Daniel Craig од таа позиција заминува со стил.

Тој беше заштитно лице на James Bond последните 15 години, ова е неговиот последен филм и тој знае како да се збогува со улогата што ја одбележа неговата кариера.

Исклучително елегантното кадифено палто е на Anderson and Shepherd и совршено му прилега. За остатокот од облеката, Craig одбра класични парчиња – бела кошула, елегантни црни панталони од Henry Pool, лакирана кожни чевли и Omega часовник.

Кој ќе биде следниот James Bond?

Тоа е прашањето што почна да се поставува сега кога „нема време за умирање„, а долго одложуваниот 25-ти дел од серијата за 007 агентот и петтиот и последен филм на актерот, Daniel Craig, треба конечно да биде во кината.

Гасините како гласини – почнаа да ги појавуваат и фаворитите. Меѓу нив се и Regé-Jean Page, Henry Golding, и Lashana Lynch, која го зеде 007 кодното име во новиот блок-бастер, додека Bond е во егзил.

Времето ќе  покаже дали некој од нив ќе стане James Bond или, одлуката ќе биде сосема поинаква./M.M.

James Bond

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.