Кој е еден од начините ништо да не ве допира, се прашува новинарка на Вог и одговора: носете ги Balenciaga Crocs кломпите, оние најгрди, зелени, со потпетици.

Кога неодамна на ModaModa кломпите со потпетица ги претставивме како предлог на Balenciaga за пролет 2022 ггодина, напишавме дека овој пат брендот не само шокира туку можеби и се избламира.
Во меѓувреме модниот предлог стана вирален, а коментарите не стивнуваат: луѓето се чудат на предлогот – како да станува збор за шега велат, додека другите додаваат дека цената од 625 долари и не е за шега.Цената е посебен повод за коментари, https://www.balenciaga.com/en-us/women/shoes/crocs

Според искуството на новинарката, кломпите на Balenciaga се исклучително удобни – стапалата и се чуствувале како принцези!
Потоа повторно, од коментарите – цврстата грдотија на кломпите е и нивната убавина. Можеби нема да се согласите ниту со ваков став но, чевлите секако се идеални како повод за комуникација. Виралноста го потврдува токму тоа.
Инаку, соработката на Balenciaga & Crocs не е нова, ниту невозможна – се случи и пред четири години кога беа создадени кломпите за кои се тврдеше дека се најудобни на светот. Што од сето ќе се повтори, прифати или отфрли, ќе биде познато на прагот на идното лето./М.М.

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.