![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/02/CDG-Homme-Plus-Nike-Foamposite-3.jpg?resize=800%2C400&ssl=1)
Најновата верзија на Air Foamposite на COMME des GARÇONS HOMME отвори ново поглавје во тековната соработка со Nike. Се работи за црно-белата верзија на Air Foamposite претставени на модните писти во колекциите Есен/Зима ’21.
Покрај класичното, монохроматско кроење, како резултат на најновата соработка со Најк претставен е целосно нов и уникатен профил. Уште повеќе, логото на CdG HOMME PLUS е напишано во целост долж петицата, а исто така и на влошката. На социјалните мрежи промоцијата на новиот дизајн е пречекана со голема љубопитност, внимание и позитивни оценки – со нетрпение се очекуваат впечатоците од купувачите. Најавено е дека во продавниците овие патики ќе се најдат многу порано од сезоната за која се наманети./M.M.