Најновата колекција на Coach наречена Coachies from Coach, наменета за есенва и е во ограничено издание, со нови модни ликови. Колекцијата чанти, со ликовите Dreamie, Sparkie, Sweetie, Winkie, и Groovie, потсетуваат на емотивните интернет симболи, со цел да ја потенцираат индивидуалноста на они кои ќе носат.

Coachies се дел од уникатната линија на Rogue 25 кои се направени од органска ткаенина и рециклирана пластика. Според белешките од брендот, Roguе ја црпи својата инспирација од луѓето кои не се плашат да ги прекршат правилата и да ги следат своите најлуди сништа.

Дизајнот ги потенцира очите, како и неколку разнобојни акценти и живописна заднина.


Coachies линијата вклучува и дополнителни модни додатоци со ограничено издание: Card Cases – футроли за картички, како и Kira Crossbody – стилски дизајнирани џебови со патент за заштита на одредени предмети.


За промоција на новата Coach колекција создадена е и специфична рекламна кампања, со видео, достапен на следниов линк:

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.