Модната ревија на која е промовирана есенската колекција на висока мода на Fendi, на дизајнерот Kim Jones, помина во знакот на едноставна, минималистична облека, направена со неодоливи, суптилно скапи материјали.

Наследството на Karl Lagerfeld во Fendi имаше свое посебно место во оваа колекција. Jones во прегледот објасни дека извонредно убавите сребренести фустани биле направени од примероци што Lagerfeld ги нарачал, биле архивирани и никогаш не користени.

Освен неколку деликатни, проѕирни фустани, со ограничена употреба, во колекцијата највпечатливи се чистите линии на едноставните и убави за носење фустани, создадени во стилот на безвременските силуети на легендарниот Karl Lagerfeld./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.