Марија Чањи, сопственичката на брендот CHANYMARIA, својата најнова колекција, наменета за пролет лето 2022 година ја нарече „Витези на сегашноста„.
Според дизајнерката, витезите се симбол на сила, храброст и на добри намери и затоа инспирацијата за колекцијата всушност се размислите за витезите на сегашноста, односно дали тие постојат и дали во секој од нас постои еден таков.
Пораката што Марија Чањи сака да ја пренесе со колекцијата е дека силата и храброста што сите во себе ја носиме треба да биде насочена кон подобрување на светот во кој живееме, будење на емпатија и инспирирање на другите со својот пример на витештво.
Колекцијата е наменета за оние кои се осмелуваат да експериментираат со комбинирање на различни стилови и материјали. Се карактеризираат со комбинација на различни бои, дезени и стилови, комбинации на предимензионирани форми, претежно големи надувани ракави, силни широки раменици кои укажуваат на моќ, сила и борба, а во исто време даваат примеси на нежност и романтика.
Претставувањето на брендот на меѓународната модна сцена, на миланската Модна недела, е потврда за уникатниот израз на младата дизајнерка и преставува значаен чекор за нејзината натамошна кариера./М.М.
More in:Мода вести
Петти роденден на Magnetik Gallery
Петтиот роденден на првата мултибренд продавница на Magnetik Gallery, во Skopje City Mall, корнер со ...
Boss во матни и неутрални тонови – како и времето!
Вториот ден од Модната недела во Милано (Milan Fashion Week) на која, воглавно, доминираа колекции ...
Модната приказна на Emily in Paris
Emily Cooper (Lily Collins) и во четвртата сезона на Emily in Paris, напоредно со својата ...
Смела, секси 2025-та со LaQuan Smith
Почетокот на Модната недела во Њујорк (New York Fashion Week) го одбележа ревијата на LaQuan ...