Во индустријата која честопати е обвинета дека ја слави младоста и убавината, на сметка на постарите модели и оние со различни типови на тело и боја на кожа, Dell’Orefice беше поборник на инклузијата, предизвикувајќи ги стереотипите и кршејќи ги бариерите.

Carmen Dell’Orefice е модел со најдолг стаж на модната сцена : повеќе од седум децении е на модната писта и во студија во који се создаваат нови рекламни кампањи. Но, нејзината кариера не беше без предизвици, а нејзината животна приказна претставува доказ за издржливоста и решителноста што се потребни за да успее во светот на модата.

Родена е во 1931 година, во Њујорк во семејство од кое таткото, по потекло од Италија, рано заминал за Carmen да остане да живее со мајкаи, која по потекло е од Унгарија. Почнала да посетува средно стручно училиште каде што учела за да стане шивачка, но го прекинала кога нејзината мајка се разболела и таа морала да го напушти училиштето за да се грижи за неа.

На само 15 години, во автобус, добива покана за снимање и настап на модна ревија за потоа со молскавична брзина да стане еден од најбараните модели во модната индустрија, украсувајќи ги насловните страници на големите списанија и шетајќи на безброј ревии на модните писти.

Работејќи заедно со некои од најголемите модни имиња, Carmen станува муза на врвни дизајнери и фотографи. Нејзините впечатливи карактеристики, безвременската елеганција и непобитната харизма ја направија омилена во светот на модата но и во уметноста. Нејзината соработка со Salvador Dali, Valentino и Richard Avedon резултираше со некои од најпознатите слики во историјата на модата, дефинирајќи ја како вистинска модна легенда.

Но придонесот на Carmen не запира со модната фотографија и ревиите. Таа, исто така, беше поборник за различноста и инклузивноста на возраста во индустријата, честопати зборувајќи за потребата од поголема застапеност на зрелите модели. Нејзиното влијание помогна да се отвори патот за моделите од сите возрасти и потекла. Преку нејзината работа и активизам, Carmen Dell’Orefice се стекна со почит, станувајќи пример и инспирација за генерации модели и дизајнери.

Долгата и успешна кариера која опфаќа повеќе од седум децении е доказ за нејзината издржливост, решителност и уникатен стил. Carmen Dell’Orefice секогаш ќе остане запаметена како вистинска модна икона и пионир во манекенската индустрија.

Одржувањето на релевантноста и влијанието во индустријата за моделирање не е само за изгледот, туку и за ставот и застапувањето. И покрај тоа што е во 90-тите, таа останува барана манекенка и модна икона, која ги краси насловните страници на списанијата и чекори на пистата за врвни дизајнери.

Мала ретроспектива од најзините најнови модни ревии штотуку е направена и може да се види подолу:

More in:Модели

You may also like

Comments are closed.