Колекцијата Gem Dior на Dior нуди нови стилови за 2022 година, прикажани во рекламна кампања во која главната улога ја има музата на Dior, британската артистка, Cara Delevingne. Фотографирана е во студиото на David Sims.

 

Креативниот директор на Dior Jewelry, Victoire De Castellane создаде низа неверојатни парчиња накит, во новата колекција, наречена „Gem Dior“. Во соопштението на Dior за колекција се вели: „Дизајнирана од Victoire de Castellane, новата колекција „Gem Dior“ изненадува со својата органска апстракција, асиметрија и низа бои. Создадени во суптилна хармонија помеѓу природата и модата, сублимирани со украсни камења, овие парчиња ја завршуваат силуетата со блесок на смелост. ”


Амбасадорката на Dior Joaillerie, Cara Delevingne, плени со розово златен часовник од колекцијата „Gem Dior“, инспирирана од геологијата на Victoire de Castellane, спојувајќи ги почитта кон природата и модата, со извонредноста во производството на часовници. Целосно артикулиран, овој скапоцен предмет за мерење на времето, во колекцијата е комплетиран со соодветна нараквица, прстени и обетки, дизајниран да се носат како отворена манжетна. Асиметричната нараквица е украсена со слоеви од живописни скапоцени камења како карнелијан и тигарско око, прошарани со дијаманти.
Облечена во црн костум, британската актерка преставува часовник изработен од челик и дијаманти и црн бисер. /М.М.

 

 

You may also like

Comments are closed.