Прославувајќи ја 20-годишнината од создавањето на часовникот Tambour, Louis Vuitton претстави нова рекламна кампања за Tambour Twenty, во која главната улога ја има амбасадорот на модната куќа, Bradley Cooper.
Во кусиот видео филм актерот и режисер Bradley Cooper го претставува новиот часовник движејќи се низ париските улици до музејот Орсеј .
Bradley Cooper од септември минатата година е именуван за прв амбасадор на часовници на Louis Vuitton.
Понуден во ограничено издание од 200 примероци, новиот часовник му оддава почит на оригиналниот Tambour, со повторување на кодот на легендарниот дизајн.
Во куќиштето на новиот часовник е и новиот механизам LFT023 кој работи на фреквенција од 28.000 vph и има резерва на енергија во траење од 50 часа. Механизмот има и микро-ротор создаден од 22-каратно розово злато, заедно со сертифициран хронометар. Функционирањето на механизмот може да се види со неговото свртување./М.М.