Скопски моден фестивал  од 28 до 30 септември ќе ја слави модата во метрополата на нова урбана локација – PURE Night Club, во градскиот парк, каде последните колекции и дизајнерски дострели ќе ги прикажат низа македонски и странски учесници. Официјалната ревиска програма ќе се одвива во четврток, петок и сабота од 18:30 до 22:30 часот.

Трите заштитни лица на третата сезона се интернационалните модели Аинура Јементајева, Тами Петковска и Кристина Велковска од Моделс Ин.

Девојките ќе носат комбинации на ексклузивни креации од познати и еминентни имиња на нашата модна сцена: Билјана Каран, Ивана Кнез, KTN, La Maison Cece T. и Христијан Младеновски. Кошулите, од друга страна, го навестуваат пристигнувањето на брендот Сербез, чија деби колекција премиерно ќе се лансира и внесе освежување на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија. Чевлите и чантите се од мултибренд понудата на N Fashion, додека сребрениот накит е од Noel Jewelss.

Модни ревии, уметнички перформанси, музички настапи и гала забава претставуваат само дел од годинешниот уникатен концепт.

 

You may also like

Comments are closed.