Данската модна куќа Ganni ја претстави класичната варијанта на Bou чантата со био-крзно. Дело е на BioFluffm, стартапот каде што се созадаваат био варијанти на материјали што се користат во текстилната индустрија.
BioFluff сака да ја редефинира луксузната текстилна индустрија со својата иновативна, одржлива, растителна алтернатива на ткаенини од животинско потекло и пластика. Се смета дека изработката на чанти од крзно од растително потекло ќе ја поттикне посакуваната промена во модната индустрија кон одржливост и еколошки материјали.
Bou чантата е првиот крзнен материјал во светот создаден врз растителна основа.

Отелотворува бушава текстура, без пластика или петрохемикалии, бидејќи екстракцијата на материјалот е од растенија и други видови земјоделски отпад со ензими од растенија. Развојот на крзно од растително потекло претставува неминоврна промена во модната индустрија кон одржливоста и еколошките материјали.
Стартапот BioFluff е со седишта во Њујорк и Парис и работи на создавање на био материјали за текстилната индустрија. Користат комбинациии од постоечки текстилни технологии, наука и савоар-фер на италијанската индустрија за крзно.
„Влакната“ на крзното се растителни, што значи дека не се обработуваат влакна во предиво, со што се одбегнува енергетски интензивниот процес на предење на предиво.
Уникатниот пристап за намалување на зависноста од животински и производи од синтетичко потекло во текстилната индустрија, според извршниот директор Martin Stübler е мисија на BioFluff да им обезбеди на брендовите подобри материјали за почиста иднина./М.М.

You may also like

Comments are closed.