Најновата колекција Bottega Veneta накит предизвика голем интерес на социјалните мрежи, поради коментарите на фановите на сметка на модната куќа. Коментарите се однесуваат на колекцијата која  наликува на виткани каблови на старите телефони, а се продава по цена од 600 до 2000 американски долари.

Колекцијата е достапна на сајтот на модната куќа Bottega Veneta така што и самите можете да процените на што ве потсетуваат парчињата накит. https://www.bottegaveneta.com/rs/women/onlineboutique/jewelry

Bottega Veneta е италијанска модна куќа, со седиште во Милано, основана во 1966 година, во Виченца, Венето, Италија. Во мотото се вели: Откријте го светот на Bottega Veneta®. Дискреција, квалитет и ненадмината изработка – нов стандард на луксуз од 1966 година./M.M.

 

You may also like

Comments are closed.