Вториот ден од Модната недела во Милано (Milan Fashion Week) на која, воглавно, доминираа колекции за жени за сезоните пролет-лето 2025, помина во знакот на една, сосема невообичаена колекција на германскиот бренд Boss.
Како одраз на проблематичните времиња и чекор кон промислено производство на облека. што може да ја зацврсти секоја гардероба, Antonio Marras прикажа колекција што потсетува на некои дамнешни времиња, во неутрални, па и матни тонови.
Добро познатиот костум, инаку заштитен знак на Boss, во оваа колекција е заменет со порелаксирана, дури и деконструирана облека во која мажите и жените можат да го поминат целото дено-ноќие. Тоа се, според Marras, силуети кои потекнуваат од 1950-тите, ера прикажувана како безгрижна.
Колекцијата која предлага да се излезе од канцеларија, според дизајнерите на Boss има и порака до модниот универзум: Излезете од канцеларијата. Да се биде шеф значи да се одвои време за одмор. Одморот е врвен луксуз.
Колекцијата, насловена како Out of Office е своевидна еволуција на ДНК кај формалната облека на Boss. Според претставувањето на модната ревија како да е дизајнирана за модерниот професионалец кој бара удобност и стил надвор од ограничувањата на корпоративниот живот.
Преминот од работа во слободно време е означен со замена на традиционалниот костум со порелаксирана, разновидна гардероба. Женската облека има панталони со подигнати рабови и здолништа во комбинација со бомбер јакни, а машката волнени костуми со три копчиња, комбинирани со полабави панталони и блејзери без дефинирани раменици.
Торбите беа оставени отворени, за да се покажат внатрешните прегради за клучеви, очила и пенкала. Се носат заедно со кожна футрола за рекет, или ремен за јога мат, да се знае дека работниот ден е завршен.
Моделите, вклучително истакнати спортисти, покажаа резамислен пристап кон деловната облека. Во мирната, урбана градина во Палацо дел Сенато, Boss како да сакаше со својата колекција да ја долови суштината на пост-работниот живот./M.M.