На површина од 7.000 метри квадратни, ресторан, хотел со 35 соби и базен со pool bar, е старо-новоиот Hotel Mirror и софистицираниот fine, wine and dine Bocca Di Lupo кадешто ќе можат да уживаат љубителите на убава храна и одличната атмосфера.

– Самото име BOCCA DI LUPO, значи “среќно-со среќа”, нашиот light мотив има за цел таа позитивна вибрација која го носи самото име да се пренесе и на нашите ценети гости, рече на синоќешното официјално отворање на ресторанот Дејан Петрушевски, кој е менаџер и на хотелот ” Мирор” во рамки на целиот комплекс.

Ресторанот нуди уникатно и незаборавно доживување, секое катче има особен дизајн, секој елемент од ресторанот е внимателно избран од највисоките светски брендови, почнувајќи од приборот за јадење, кристалните чаши, чиниите и сето останато.

Во рамки на комплексот има ексклузивно детско катче и играчки за најмладите гости, перална и рент а кар, се со цел ги задоволи сите потреби  за целосно задоволство, спокој и уживање на една фамилија, патник, гостин.

– Нашиот шеф на кујна, Љупчо Корковски е врвен кулинар-експерт, кој своето долгогодишно искуство го стекнал во повеќе ексклузивни ресторани во главниот град на Обединетите арапски емирати, а храната  е врвен спој на внимателно избрани специјалитети, микс од повеќе кујни: италијанска, медитеранска и ориентална, вели Петрушевски.

Внатрешниот дизајн  на  ресторанот е осмислен и создаден од архитектката Катерина Кајевска Теодорова, додека надворешниот дизајн на комплексот е на архитектот Крсте Петров.

Капацитетот внатре е предвиден за 130 гости, а на летната тераса 170 гости, додека целиот ресторанот се наоѓа на површина од 1.000 метри квадратни.

– Bocca Di Lupo ќе нуди разновидна музичка програма со ексклузивни пејачи и групи и останати спектакуларни настани. За прекрасното и незаборавно новогодишно доживување, ќе се погрижи нашата драга Викторија Лоба со нејзиниот бенд и диџеј @foodieman, а за вкусните гастрономски специјалитети е задолжен нашиот шеф Љупчо Коркоски./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.