Billie Eilish, едно од најпознатите поп – имиња на денешницата, која од 19 – годишна возраст следи голем успех, остави свој белег на патиките што ги носи. Соработката помеѓу популарниот спортски бренд Nike и младата Billie Eilish вроди со сосема нов модел на култните патики.
Најк, во соработка со популарната пејачка, направи нова верзија на популарните патики, и тие – се разбира – се во согласност со одржливата мода. Пејачката ја најави својата соработка објавувајќи на својот Инстаграм два различни модела – едната светло зелена, а другата беж.
Патиките се направени од вегански и делумно рециклирани материјали. Пејачката, која е горд портпарол за одржлива мода и на вегански начин на живот, сакаше да го вклучи ова во дизајнот на самите патики.
Патиките се достапни на апликацијата и страницата Најк SNKRS од самата Billie Eilish, по цена од 170 долари./М.М.
More in:Мода вести
Модната еволуција на Diane Keaton
Во новиот број на магазинот Elle представена е модната еволуција на легендарната американската актерка Diane ...
ROTATE – романса на идното лето
Колекцијата на ROTATE за идните пролет/лето 25, претставена во рамките на модната недела во Копенхаген,(Copenhagen ...
Prabal Gurung – распродажба на летната колекција
Избегајте од летните горештини со стил, со нашата летна распродажба, која нуди ексклузивни, луксузни, лелеави ...
Рајот е место наречено Dilara
Турско-бритнаската дизајнерка Dilara Findıkoğlu, во соработка со Heaven By Marc Jacobs, создаде колекција на моментот, ...