Со цел да ја промовира своја посветеност кон зголемување на застапеноста на афро –куклите, а во чест на инспиративните жени, Barbie создаде серијата – Inspiring Women™

Серијата Inspiring Women™ им оддава почит на неверојатните хероини на нивното време; храбрите жени кои ризикувајќи, ги менувале правилата и го отворале патот за идните генерации девојки да ги остваруваат своите соништа.


Во серијата – Inspiring Women™ Barbie го доби ликот на писателката, авторка, активистка и учителка, д-р Maya Angelou, која за својата дејност има добиено бројни награди и признанија, вклучувајќи над 50 почесни докторати, претседателски медал на слободата и номинација за национална награда за нејзината автобиографија од 1970 година, I Know Why the Caged Bird Sings.
Во 1993 година, таа стана првата Афро-американка и жена поетеса која зборуваше на претседателската инаугурација на САД.
Куклата Barbie® на Maya Angelou е претставена во чест на историјата и влијанието на активизмот, работата и нејзините достигнувања. Нејзината автобиографска книга и денес продолжува да ги придвижува читателите ширум светот. Barbie® со ликот на активистката е во пригоден фустан и со својата книга во рацете./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.