Gia Borghini

Август е месец на одморите во Италија и месец на распродажбите. Големите модни брендови објавуваат значителни намалувања на цените со кои колекциите стануваат подостапни за оние кои не мораат први да ги носат новите модели, наградувајќи ја нивната трпеливост.

Инспириран од модната индустрија која постојано се менува, Gia Borghini негува иновативен пристап кон модните додатоци, фаворизирајќи издржани дизајни и нови концепти за навистина незаборавни чевли. Основан во 2016 година од дизајнерката Barbara Borghini, брендот го носи името на нејзината ќерка Ginevra, како моќен извор на инспирација. Возбудливите нови промоции и ексклузивни соработки низ годините го направија брендот постојана дестинација за љубителите на модата. Доминантните, динамични но и женствени чевли, создадени според дизајот на Barbara Borghini, целосно рачно ги изработуваат врвните занаетчии од околината на Фиренца.

Gia Borghini

Во фирмата на Barbara Borghini истакнуваат дека му се верува на квалитетот, како основна компонента на безвременските модни додатоци. Локалните занаетчии заслужуваат целосна поддршка затоа што веруваат во уметничката извонредност на занаетчиството. Создаваат за сите жени на светот и посакуваат тие да се чуствуваат удобно, самоуверено и моќно. Се стреми кон иновации и креативност и во годините наназад Gia Couture се има ангажирано во различни возбудливи соработки. Причина за гордост повеќе, бидејќи овие проекти се драгоцени можности, не само за создавање на уникатни производи, туку и за споделување на идеи со некои фантастични креативни умови./ М.М.

Gia Borghini

 

Gia Borghini

 

Gia Borghini

Сандалите и балетанките, што се дел од летната колекцијата и се на намалување, можат да се видат на https://www.giaborghini.it/collections/frontpage/products/etesia-leather-ballet-flats-1