Реакциите околу кампањите на Balenciaga стануваат масовни, а обожавателите и познатите личности иницирајќи и бојот на нивните производи.- Business of Fashion објави дека поради контроверзните кампањи на Balenciaga, креативниот директор Demna нема да ја добие наградата Global Voices за 2022 година.

Реакциите околу рекламните кампањи на Balenciaga во кои се вклучени деца стануваат масовни, а обожавателите и познатите личности продолжуваат да го осудуваат луксузниот бренд, иницирајќи и бојот на нивните производи.

Шпанската модна куќа неодамна се најде во контроверзии поради последните две рекламни кампањи. Во празничната кампања се ставени слики на деца који држат чанти – кадифени мечиња, во фетиш облека. Во пролетната кампања пак е забележано дека хартиите што се користеле како реквизити за снимањето се од Врховниот суд во 2008 година, во случај САД против Вилијамс, фокусиран на сексуална злоупотреба на деца.

Во обид да се справи со последиците, Balenciaga издаде две соопштенија. Во најновото, вчера објавено, од брендот велат дека „остро ја осудуваат“ злоупотребата на деца и дека поднеле тужба против продуцентската куќа за снимањето на пролетта кампања.

Сепак, реакциите на социјалните медиуми не стивнуваат и се изразува отворен сомнеж за оправдувањата од Balenciaga. Се спомнуваат и последните „изуми„ – производите кои, на пример, личат на кеси за отпадоци и се со цена над 2000 евра со који, како што се вели, се навредуваат купувачите. Ова со рекламите со чанти – мечиња во фетиш облека е само продолжување на таквиот однос, особено на Demna, креативниот директор на Balenciaga. Тој самиот посочува дека пред лансирање на нови производи и кампањи ги затвора своите профили на социјалните медиуми.
Дека многу работи од сега ќе се поинакви потврдува и веста од Business of Fashion. Имено, Business of Fashion објави дека поради контроверзните кампањи на Balenciaga, креативниот директор Demna нема да ја добие награда Global Voices за 2022 година./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.